Утврдување на факт дека настапил прекин на вработување на работник поради наполнети 64 години возраст по сила на закон

Наслов Утврдување на факт дека настапил прекин на вработување на работник поради наполнети 64 години возраст по сила на закон
Вид на документ Сентенца Број Рев3.бр.125/2017
Правна област Граѓанска област Вид на правен став Сентенца
Област Правна област Датум на донесување 12/17/18 5:00 PM
Група на правен основ Парнична постапка Правен основ Примена на ЗПП
Суд од кој произлегува Врховен суд на Република Македонија
Орган на судот Оддел за граѓански дела

Сентенца



Спорот во кој се бара утврдување на факт дека настапил прекин на вработување на работник поради наполнети 64 години возраст по сила на закон, не претставува спор од работен однос по повод престанок на работен однос и во тој случај дозволеноста на ревизијата се цени според вредноста на предметот на спорот на побиваниот дел на пресудата.


Образложение

Ревизијата е недозволена.

Според член 372 став 2 од Законот за парничната постапка, („Службен весник на РМ, бр.79/05, 110/2008, 83/2009 и 116/2010, 124/15), странките можат да изјават ревизија против второстепена пресуда, ако вредноста на предметот на спорот на побиваниот дел на пресудата надминува 1.000.000,00 денари.

Според член 372 став 3 точка 3 од истиот закон, по исклучок на ставот 2 од овој член без оглед на вредноста на предметот на спорот, ревизијата е секогаш дозволена во спорови од работни односи по повод престанок на работен однос.

Согласно член 383 став 1 од истиот закон, ненавремената, нецелосната, необразложената или недозволената ревизија ќе ја отфрли судијата известител на ревизискиот суд со решение, ако тоа не го сторил во границите на своите овластувања првостепениот суд.

Имајќи во предвид дека во конкретниот случај не се работи за спор од работен однос по повод престанок на работен однос, туку за утврдување на факт, односно утврдување дека ден 05.08.2014 година настапил прекин на вработувањето на тужениот како доктор по медицина- хирург специјалист поради наполнети 64 години возраст по сила на закон, а воедно имајќи во предвид дека побиваниот дел на пресудата не го надминува износот од 1.000.000,00 денари, произлегува дека не се исполнети условите од цитираните законски одредби за дозволеност на ревизијата, поради што следуваше Врховниот суд на Република Македонија ревизијата да ја отфрли како недозволена, согласно член 383 став 1 од Законот за парничната постапка.

Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.125/2017 од 06.09.2018 година.